Адеми се врати со стил, Трајковски не престанува да тресе, првенци за Барди и Муслиу (ВИДЕО)
Објавено на 09/10/2017 | Slider, Мак Фудбал, МАКЕДОНСКИ СПОРТ

Македонија ги заврши светските квалификации со четири постигнати голови во мрежата на Лихтенштајн. Во Струмица нашата селекција водеше со 2:0 на паузата по головите на Висар Мусилу и Алексанр Трајковски, и асистенциите на Езџан Алиоски и Горан Пандев. За Муслиу ова беше прв гол во дресот на репрезентацијата во четвртиот настап, а Трајковски веќе погоди и на третиот последователен натпревар во квалифиакциите.

Во вториот дел, Енис Барди го запиша и првенецот во А-селекцијата на асистенција на Трајковски и последниот гол на голема радост го постигна Аријан Адеми, кој се врати по три годишна пауза од фудбалот поради неправда која му ја нанесе УЕФА.

Македонија заврши петта во групата со 11 поени, само еден помалку од Израел и два од Албанија.

Тагови