Алонсо се сели во Индикар наредната година?
Објавено на 14/06/2017 | АВТО МОТО, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

Фернандо Алонсо потврди дека сеуште не е сигурен каде ќе се натпреварува во следната сезона, но не ја исклучи и можноста да премине во Индикар.

Неговиот договор со Мекларен истекува на крајот на 2017 година и во Канада шпанскиот пилот изјави дека ќе го продолжи само ако има шанса за победа.

На прашањето за Индикар, Алонсо коментираше: “Зошто не? Отворен сум за сето тоа. Ќе излажам ако кажам дека знам што ќе се случи следната година”. изјави шпанецот.

Пилотот на Мекларен во Формула 1 Фернандо Алонсо отпадна при деби учеството во најпрестижниот круг од американските Индикар серии.

Тој започна петти на линијата во Индијанаполис, и цело време се движеше во топ 10, но 21 круг пред крајот, отпадна поради технички проблем, поврзан со моторот кој го гони од почетокот на сезоната во Формула 1.

Во моментот на елиминацијата Алонсо ја држеше седмата позиција.

Тагови