Алонсо уште една година во Мекларен
Објавено на 20/10/2017 | АВТО МОТО, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

Фернандо Алонсо најави за време на прес-конференцијата за претстојната Гран При на САД дека останува во Формула 1 со тимот на Мекларен и догодина. Шпанецот стави крај месечните шпекулации дека ќе се повлече од Формула 1 и ќе бара победи во нов шампионат по катастрофалната сезона 2017.

Мекларен го сменија добавувач на мотори минатиот месец и од сезона 2018 ќе бидат управувани од Рено, што се смета за главната причина двократниот шампион да остане во тимот за четврта последователна сезона, иако за последните три години не освои ниту еден подиум.

Алонсо откри дека следната сезона нема да учествува во Индијанаполис 500, како што направи оваа година, бидејќи ќе биде сконцентриран само на кампањата во Формула 1.

Шпанецот ја зазема 16-тата позиција во генералниот пласман со само осум снимени бода откако Хонда пропаднаа тотално со недоверливи погонски единици.

тимски колега на Алонсо и догодина ќе остане Стофел Вандоорн.

Тагови