Англија во шок, почина фудбалската легенда Реј Вилкинс
Објавено на 04/04/2018 | Slider, ФУДБАЛ

Англија е во шок по веста за смртта на фудбалскиот великан и англиска легенда Реј Вилкинс. Поранешниот член на Челси, Манчестер јунајтед, Милан, КПР и на Глазгов ренџерс, како и истакнат англиски репрезентативец Реј Вилкинс, денеска ја загуби животната битка.

Тој почина во клиника во Лондон на 61годишна возраст, откако пред неколку денови имаше срцев удар.

Тој за селекцијата на Гордиот Албион одигра вкупно 84 натпревари. По завршувањето на активната фудбалска кариера Реј Вилкинс продожи како тренер, ги предводеше Фулам, а беше во стручниот штаб на Челси и на Астон Вила.

Тагови