Aprilia го претстави RS-GP за новата сезона
Објавено на 10/03/2018 | АВТО МОТО

Во пресрет на новата сезона во Moto GP италијанскиот производител и конструктор Aprilia го претстави новиот мотор за новата сезона. Aprilia Gresini тимот во пресрет на новата сезона доби неколку новитети. Така RS-GP, како што е називот на подновената Aprilia сега добива целосно нов алуминиумски рам и нова задна виљушка од јагленови влакна, нов издувен систем како и разладен систем. Подобрена е и аеродинамиката. Се на се, новиот RS-GP има за нешто повеќе од 270 КС и многу подобри перформанси во однос на претходникот.

“Рамката е радикално нова како и разладниот систем и аеродинамиката” изјави кратко на презентацијата Романо Албесијано, менаџерот на MotoGP тимот. Тој во пресрет на новата сезона е голем оптимист и очекува многу подобри резултати од минатата сезона кога Aprilia Gresini тимот заврши на последната позиција.

Првата трка од новата сезона се вози на 18 март во Лусаил, Катар, а оваа сезона за Aprilia ќе возат шпанецот Алеикс Еспаргаро и Скот Ридинг. Покрај Aprilia, оваа сезона ќе настапат и Ducati, Honda, KTM, Suzuki и Yamaha.

Веста е преземена од AutoKlub.mk

За повеќе содржини од светот на автомобилизмот кликнете ТУКА

Тагови