Арсенал најмалку еден месец без Лаказет
Објавено на 14/02/2018 | ФУДБАЛ

Фудбалерот на Арсенал Александре Лаказет поради повреда ќе биде надвор од терените од 4-6 недели објави лондонскиот клуб.

Францускиот напаѓач имаше мала операција на коленото и се очекува да пропушти дури 7 натпревари, два дуела со Остерсундс во Лигата на Европа, исто толку против Манчестер Сити во Лига Купот и Премиер лигата,  и средби против Брајтон, Вотфорд и Лестер.

Лазазет минатото лето  стигнал на Емирати како големо засилување од Лион за 53 милиони евра, но не ги оправда очекувањата, па Арсенал мораше да го  донесе Пјер-Емерик Обамејанг во јануари за  рекорден трансфер (63 милиони евра).

Предвидено е дека Лаказет на теренот ќе се врати во април кога Стоук ќе дојде кај Арсенал во натпреварот на Премиер лигата.

Тагови