Арсенал со понуда од 30 млн. евра за Ругани
Објавено на 12/07/2016 | Меѓународен Фудбал, ФУДБАЛ

Екипата на Арсенал испратила понуда до Јувентус за Даниеле  Ругани вредна 30 милиони евра. Според Калчомеркато, од Јувентус, експресно ја одбиле понудата за младинскиот репрезентативец на Италија. Изворот наведува и дека “Топџиите” се насочиле кон талентираниот одбранбен фудбалер откако го загубија чекорот со Евертон во трката за фудбалерот на Наполи, Калиду Кулибали.

Ругани веќе подолго време е поврзуван со заминување од Торино, но челниците на “Бјанконерите” се децидни дека играчот нема да го продаваат. Сепак според извори блиски од Јувентус, доколку Бенатија пристигне во Торино тогаш Јувентус можно е да се одлучи да го прати фудбалерот на едногодишна позајмица. Во моментов интерес за Ругани покажуваат екипите на Рома, Лацио, Милан, Наполи и Евертон.

 

Тагови