Арсенал со најголем спонзорски договор во историјата на клубот
Објавено на 19/02/2018 | ФУДБАЛ

Фудбалскиот  клуб Арсенал  потпиша нов петгодишен договор за спонзорство со авиокомпанијата “Емирати”.

“Топџиите” не обејавија финансиски детали, но тие рекоа дека тоа е “најголемиот спонзорски договор” што клубот некогаш го потпишал. Британските медиуми објавија дека  е сo вредност од 280 милиони долари.

Играчите на Арсенал ќе го носат логото на компанијата на своите дресови до крајот на сезоната 2023/24.

Емирати е спонзор на Арсенал од 2004 година, а името на компанијата е на дресот од 2006 година. Авиокомпанијата од Дубаи, исто така, има право името на стадионот во северен Лондон да го носи нивното име  до 2028 година.

Тагови