Ацо Тодоров се враќа во Бугарија
Објавено на 14/02/2018 | КОШАРКА

Македонскиот стратег Александар Тодоров кој не се прослави на клупата на МЗТ Скопје на почетокот на сезонава по што следуваше оставка, брзо најде нова работна средина за него добро позната.

Тој се сели во најдобриот бугарски состав Левски Лукоил, како дел од стручниот штаб на Тити Папазов.

Тодоров има искуство со претходна работа во бугарското првенство, како шеф на стручниот штаб на Рилски Спортист со кој ја освои БИБЛ лигата во 2009 година. Исто така, беше тренер и на тимот на Балкан од Ботевград.

Тагови