Баерн без голман, младинец или заборавен ветеран се опциите на Гвардиола
Објавено на 17/11/2014 | Slider, ФУДБАЛ

Германската репрезентација и Баерн останаа без Мануел Ноер. Еден од најдобрите голмани во светот утре ќе го нема на голот против Шпанија на контролен меч поради болки во коленото

Проблемот на репрезентацијата е помал, замена има, но Гвардиола има сериозен проблем со голманската позиција.

Резервите се повредени од поодамна, Том Штарке и Пепе Реина се на рехабилитација, а сега и Ноер има проблем.

На Гвардиола за саботниот меч против Хофенхајм му остануваат два избора, или да го стави на голот 20 годишниот Цингерле кој брани за Б тимот или заборавениот ветеран Хајнц Милер кој е слободен агент без ангажман.

Младиот Цингерле до сега нема настап во Бундес лигата, а ветеранот Милер последен пат бранел пред повеќе од една година.

Милер во кариерата бранел за Мајнц, Барнли, Лилестром, Сент Паули, Арминиа Билефелд и Хановер.

Тагови