Бака: “Играв за најлошиот Милан во историјата”

Колумбискиот напаѓач на Виљареал Карлос Бака изјави дека играл во “најслабиот Милан во историјата”. Бака го носеше дресот на “росонерите” меѓу 2015 и 2017 година, како италијанскиот гигант го беше купил од Севиља. Напаѓачот во исто време тврди дека периодот на “Сан Сиро” бил успешен. За двете сезони во Милано Бака постигна 34 гола за “црвено-црните”. Јужноамериканецот сеуште е во сопственост на Милан, неговиот договор со италијанците истекува во 2020 година. Тој моментно игра во Виљареал како позајмен.

“Двете години во Милан беа задоволителни за мене. Ја постигнав својата цел. Работите можеа да бидат и подобри, но за целта ви треба поддршка од директори. Бев во најслабиот Милан во историјата. По 30 години на чело на клубот, претседателот Силвио Берулскони сакаше да го продаде Милан. Со тренерот и новите сопственици имавме различни ставови, но јас си заминав со високо крената глава, бидејќи Милан е во Европа, а јас придонесов за тоа. Мило ми е што Милан се врати во Европа. Тоа беше мојата цел, кога ја напуштив Севиља “, коментираше 31-годишниот колумбиец.

Милан ова лето потроши над 200 милиони за 11 нови играчи, но резултатите се исти, 4 победи и 4 порази во Сериа А, а во Лига Европа синоќа не го победија дома АЕК од Атина.

Тагови