Барселона го декласираше Виљареал за потврда на титулата во ЛаЛига
Објавено на 10/05/2018 | Slider, ФУДБАЛ

Тимот на Барселона ја запиша својата 27ма победа сезонава во домашниот шампионат, потврдувајќи ја доминацијата во ЛаЛига сезонава.

Избраниците на Ернесто Валверде го декласираа тимот на Виљареал со убедливи 5-1 на “Камп Ноу”, запишувајќи 90 бодови на своето конто.

Уште по првото полувреме “каталонците” имаа убедливо водство од 3-0, со головите на Кутињо, Паулињо и Меси.

Во вториот дел, Виљареал намали на 3-1 во 54та минута со голот на Шансон, а Усман Дембеле со двата гола во финишот од натпреварот, најпрво во 87та минута, а потоа и во 93та ги постави конечните 5-1 за Барселона.

За Лео Меси овој погодок беше 34ти сезонава со што сигурно чекори кон Златната копачка за оваа година.

Тагови