Барселона има нов тренер
Објавено на 17/06/2017 | КОШАРКА, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

Барселона и официјално има нов тренер, а неговото име е Сито Алонсо. 41-годишниот стратег имаше договор со досегашниот тим Басконија до летото 2018 година, но тој пристигнува како слободен агент. Неговиот договор со тимот од “Блауграна” е за две години, а во него има содржана и клаузула за продолжување со уште една.

Барса е петтата станица на Алонсо во неговата кариера во највисокото ниво на шпанската кошарка – Лига АСВ. Тој го водеше и другиот каталонски тим Жовентут Бадалона, како и Баскијците Гипускоа Баскет, Билбао Баскет и Басконија (Каха Лаборал).

Во 2012 година Алонсо е избран за “Тренер на годината” во Шпанија.

Тагови