Барселона се поблиску до титулата во Примера (Видео)
Објавено на 05/03/2018 | Slider, ФУДБАЛ

Екипата на Барселона на својот стадион “Камп Ноу” го победи Атлетико Мадрид во натпревар кој беше одлучувачки за освојување на титулата во Примера оваа сезона.

Со оваа победа, Барселона има 69 бодови на табелата и предност од 7 бода во однос на второпласираниот тим на Атлетико Мадрид на 11 кола до крајот.

Победата за каталонскиот тим ја донесе аргентинскиот волшебник Лионел Меси со фантастичен гол од слободен удар кој го постигна во 26та минута од натпреварот. Тој гол беше единствениот што беше постигнат на натпреварот, но доволен за Барселона да биде релаксирана на врвот на табелата и да биде се поблиску до шампионскиот трофеј.

Тагови