Базел го победи Манчестер сити на “Етихад”
Објавено на 07/03/2018 | Slider, ФУДБАЛ

Пеп Гвардиола и неговиот Манчестер сити го претрпеа првиот пораз на домашен терен сезонава од Базел со 1-2, но “ѓраѓаните” својот пласман во чевртфиналето од Лигата на шампионите го обезбедија уште на првиот натпревар со убедливата победа од 0-4 во Швајцарија.

Тренерот на домашниот тим, Пеп Гвардиола, свесен дека пласманот понатаму е само чиста формалност, реши да ги одмори своите најдобри фудбалери како Агуеро, Давид Силва, Де Бруин, Отаменди, Вокер и да им даде шанса за настап на фудбалерите со помала минутажа.

Дури и со вториот тим, домаќините уште во 8та минута дојдоа во водство со голот на Габриел Жесус, кој полека се враќа во натпреварувачки ритам, по повредата која го оддалечи од терените речиси 3 месеци. И покрај примениот гол, тимот на Базел не се предаваше, продолжи да напаѓа и по само девет минути игра по примениот погодок, успеа да го изедначи резултатот преку норвешкиот интернационалец со мароканско потекло Мохамед Елјунуси.

Во вториот дел и покрај целосната доминација на теренот, Манчестер сити не успеаа да постигнат водечки гол, за што беа казнети во 71та минута, кога по еден одлично изведен контра напад, Базел стигна до водство од 2-1 со голот на Ланг.

Овој резултат остана конечен резултат, Базел стигна до пирова победа, недоволна за пласман понатаму, но ќе остане запишан како првиот тим кој му нанел пораз на Манчестер сити на домашен терен оваа сезона.

Тагови