Бензема стана седми реализатор во историјата на Реал Мадрид

Францускиот напаѓач на Реал Мадрид Карим Бензема се израмни со легендата на “кралевите” Франсиско Хенто на седмото место на вечната листа за најмногу голови во историјата на клубот. Во победата од 2:1 против Хетафе, Бензема го постигна својот гол број 182 за мадриѓани. Со толку голови, ја заврши својата кариера во Реал Мадрид и Хенто, кои ги направа во 601 игра. Французинот го стори тоа во 372 игри.

Бензема има 26 гола од шестиот Уго Санчез. Французинот има досега 123 гола во Ла лига, 39 во Лигата на Шампионите, 15 во Купот на кралот, 3 на Светското клубско првенство и 2 за Суперкупот на Шпанија.

Рекордер во Реал Мадрид во историјата на Реал Мадрид е Кристијано Роналдо со 412.

Тагови