BET-IBC: Предлог типови за денес (07.04)
Објавено на 07/04/2018 | ТИПОВИ, ФУДБАЛ

Брокерот бр.1 за онлајн обложување со неколку предлози ќе ви помогне да се одлучите што да одиграте денес.

Монако – Нант  тип:  1  Победа на домаќинoт

Јасно е дека титулата во францускиот шампионат е веќе одамна решена и прашање на време е кога и официјално ПСЖ ќе биде прогласен за шампион. Но, многу поинтересна е битката за позициите кои носат директен пласман во Лигата на шампионите за следната година. Во моментов тимот на Монко се наоѓа на втората позиција на табелата и има најголеми шанси таму и да остане по завршувањето на шампионатот.

По минатонеделниот пораз од ПСЖ во купот на Франција, клубот од кнежевството ја продолжува битката за втората позиција каде има предност од 5 бода во однос на О.Марсеј и 7 бодови во однос на О.Лион на седум кола до крајот. Тие на домашен терен го пречекуваат тимот на Нант, предводен од искусниот италијански стратег Клаудио Раниери, но се наоѓаат во слаба форма, а се очекува и денес да си заминат со празни раце од гостувањето на “Луј Втори” во Монако.

За разлика од Нант, Монако се наоѓа во одлична форма кога се работи за француското првенство каде што на 16 последователни натпревари не знае за пораз, па затоа и денес се фаворити и се очекува триумф и полека но сигурно заверување на пласманот кои води во ЛШ за следната година. Се освен триумф на Монако ќе биде големо изненадување.

Рома – Фиорентина тип: 3+ (Повеќе од 2,5 гола)

Во дербито на колото екипата на Рома ја пречекува екипата на Фиорентина. Домашниот тим има пеколен распоред поради натпреварите во Лигата на шампионите против Барселона. За само 10 дена играат 3 исклучително тешки натпревари. Првиот помина каде гостуваа на “Камп Ноу” и беа убедливо поразени со 4-1. Но, веќе е викенд и продолжуваат возбудувањата во Калчо лигата каде што имаат нов тежок дуел со Фиорентина.

“Волчицата” се бори за третото место на табелата, место кое носи директен пласман во ЛШ следната сезона, со градскиот ривал Лацио и милански Интер. Рома се наоѓа во добра форма во домашниот шампионат, каде на последните 5 натпревари има 3 победи и 2 нерешени.

На спротивната страна, екипата на Фиорентина се наоѓа исто така, во одлична форма, победувајќи на последните 5 лигашки натпревари, вклучувајќи се во борбата за излез во Европа за следната година.

На осум од последните десет натпревари помеѓу овие два тима имало најмалку 3 голови, па за очекување е дека и денес ќе има голем број на погодоци.

Не губете време, отворете обложувачка сметка сега и бидете број.1 во обложувачкиот свет.

Манчестер Сити – Манчестер Јунајтед тип: X2  (Победа или реми за гостинот)

Викендов на програмата во Премиер лигата е 176тото дерби на Манчестер, каде се среќаваат првите две екипи на табелата. Градското дерби ни доаѓа во одличен момент, кога домашниот тим е пред промоција за шампион, а тимот на Мурињо полека но сигурно влегува во одлична форма.

Домаќините со победа на денешното градско дерби, официјално ќе бидат промовирани во нови шампиони. Но, поради пеколниот распоред во Лигата на Шампионите и тешкиот дуел со Ливерпул во вторник, може да се случи Пеп Гвардиола да се одлучи да ги поштеди своите најдобри фудбалери и против Манчестер Јунајтед да настапи со играчите кои добиваат помала минутажа. Сепак, доколку се одлучи со сите сили да ги нападне трите бода, на навивачите ќе им ја исполни најголемата желба, славје на титулата против најлутиот ривал.

Но, и „Црвените ѓаволи“ на Жозе Мурињо имаат своја математика на овој дуел. Манчестер Јунајтед има четири победи  на последните четири натпревари во Премиер лигата, а на последните две гостувања на Етихад, покрај тоа што останаа непоразени, воопшто и не примија гол. Доколку го примени рецептот на Јирген Клоп, Мурињо може да му го нанесе првиот пораз на Пеп на домашен терен сезонава.

Обложувањето на повеќе сметки не било никогаш полесно. Не чекајте, регистрирајте се на VIP-IBC.

Тагови