BET-IBC предлог типови за обложување (13.05)
Објавено на 13/05/2018 | Slider, ТИПОВИ

Брокерот бр.1 за онлајн обложување со неколку предлози ќе ви помогне да се одлучите што да одиграте денес.

Кротоне – Лацио тип:  2 (Победа на гостинот)

После вчерашниот кикс на Интер, денес Лацио со победа ќе го осигури пласманот во Лигата на шампионите за следната сезона. И покрај отсуството на неколку важни фудбалери, тимот на Инзаги е далеку поквалитетен од својот противник. Кротоне е незгоден противник на домашен терен, особено поради фактот што се бори за опстанок во лигата.

На последните 5 средби, тимот на Кротоне забележа 2 победа, 2 порази и еден нерешен резултат. Се наоѓаат на само еден бод од зоната за испаѓање, но денес имаат тежок противник во римскиот клуб.

За разлика од Кротоне, тимот на Лацио на последните 5 средби забележа 3 победи и 2 нерешени, се наоѓаат во добра форма и се очекува по минатонеделниот кикс против Аталанта, денес уште од самиот почеток да тргнат во офанзива по трите бода.

Досега овие два тима се имаат сретнато три пати од кои Лацио како победник излегол 2 пати, а еднаш победник бил тимот на Кротоне. Наш предлог тип е победа на римскиот клуб и заверка на пласманот во ЛШ за следната година.

Ливерпул – Брајтон тип: Т1 3+ (Домаќинот дава најмалку три гола)

Ливерпул игра одлично сезонава и во Премиер лигата, а уште подобро во Лигата на шампионите каде што стигна до финалето. Но, по пласманот во финалето, фудбалерите како да се опуштија во Премиерлигата и на последните 5 натпревари имаат само една победа, еден пораз и дури три нерешени натпревари и со тоа го загрозија пласманот во Лигата на шампионите за следната сезона.

Но, време е со победа на денешниот натпревар “црвените” да го заверат пласманот во ЛШ и во победничко расположение да влезат во подготовките за финалето во Киев.

За разлика од нив, тимот на Брајтон го обезбеди опстанокот што беше приоритет за тимот сезонава и на овој натпревар ќе влезат растеретено, без никаков притисок.

Очекуваме сигурна победа на Ливерпул со најмалку три гола во противничката мрежа.

Обложувајте се на фудбал во Азијасо најдобриот букмејкер агент.

Легија – Горник З. тип:  1 (Победа на домаќинот)

Легија е убедливо најквалитетниот тим во полската лига и за очекување е лесно да стигне до титулата. Но фаворитот на хартија, тоа мора да го оправда и на теренот. Денес го пречекува тимот на Горник З. кој се наоѓа на 4тата позиција и е еден од поквалитетните тимови во лигата.

На последните пет дуели, Легија има 4 победи и само една нерешена и одличната форма се очекува да ја продолжат и денес, забележувајќи нови три бода на своето конто во походот кон нова титула.

Горник З. иако се бори за излез во Европа, сепак тоа ќе треба да го стори на следните дуели, бидејќи денес нема што да бараат на жешкиот терен во Варшава.

Иако нема да биде лесна победа, сепак очекуваме победа на Легија, бидејќи квалитетот е на нивна страна.

BET-IBC исто така нуди и подарок за играчи на високи износи, а за оние кои навистина сакаат да го допрат врвот и да се обложуваат во обложувалници без лимит, бесплатната обложувачка плaтформа ќе се погрижи да бидат задоволни. BET-IBC овозможува и највисоки влогови и во помали лиги преку Skype обложување.

Тагови