BET-IBC Предлог типови за обложување (15.04)
Објавено на 15/04/2018 | Slider, ТИПОВИ

Бидете број 1 во обложувачкиот свет и отворете обложувачка сметка преку најдобриот брокер за обложување во Азија.

Сасуоло – Беневенто  тип:  1  (Победа на домаќинот)

Тимот на Сасуоло оваа сезона не игра баш најдобро во италијанската Калчо лига за што доволно говори и 15тото место на кое се наоѓаат во моментов и се на само 3 бода над зоната за испаѓање. Се наоѓаат во добра серија од 5 натпревари без пораз, забележувајќи 4 нерешени и 1 победа. Сега е време за победа и тоа против Беневенто, екипа која без никаков мотив им доаѓа на гости.

За разлика од нив, нивниот противник, тимот на Беневенто е веќе одамна испаднат од Серија А. Оваа екипа ја доигрува сезоната затоа што мора, а тоа добро го покажуваат и резултатите на тимот.  На последните 5 натпревари имаат 4 порази и само една победа против исто така очајната Верона.

Трите меѓусебни пресметки досега помеѓу овие два тима завршиле со победа на Сасуоло, а истото го очекуваме и на денешниот натпревар. Сигурни три бода за домаќинот.

Шалке – Борусија Дортмунд тип: ГГ  (Двата тима постигнуваат погодок)

Ова е едно од најголемите и најжестоките дерби натпревари во германскиот фудбал. Двете екипи се огромни ривали, а завојувани се и нивните жестоки навивачи. Ова е дерби во секоја смисла на зборот, со голема борба и на теренот и на трибините.

Овој пат дербито ќе биде уште поголемо, бидејќи двете екипи се борат да обезбедат пласман во Лигата на шампионите. Тие знаат дека победата за било која екипа на овој меч ќе им го загарантира второто место на табелата зад неприкосновениот лидер и старонов шампион Баерн Минхен.

Двете екипи се познати по атрактивниот и напаѓачки фудбал, а кога се игра таков напаѓачки фудбал доаѓаат и головите. Затоа очекуваме на денешниот натпревар двете екипи да постигнат најмалку по еден гол во противничката мрежа.

Многу лесно и едноставно може да заштедите време, со обложување на повеќе сметки со регистрирање на најдобрата платформа за ВИП обложување.

Њукасл – Арсенал тип: 0-2 гола (Помалку од 2,5 гола на натпреварот)

Дуел на десето и шесттопласираните тимови во Премиерлигата, во натпревар без поголемо резултатско значење за двете екипи, освен за престиж.

Домаќините се наоѓаат во добра позиција кога се работи за опстанокот во лигата, бидејќи имаат безбедни 10 бода предност пред местото кое носи во понизок ранг на натпреварување. Екипата предводена од Рафаел Бенитез се наоѓа во одлична форма, со три победи по ред.

Истото важи и за “топџиите”, кои имаат три победи на последните три дуели во Премиер лигата со извонредна гол разлика 9-1. Сепак, поради настапот во Лигата на Европа, може да се забележи одреден замор кај фудбалерите на Арсен Венгер, а поради недостигот на мотивација овој натпревар нема да биде толку интересен за неговите фудбалери.

Доколку се знае и тактиката на Рафаел Бенитез, за што помалку примени погодоци, јасно е дека ќе биде тврд натпревар каде што победникот ќе го решава само еден погодок. Исто така, и статистиката потврдува дека овие екипи играат тврдо меѓусебе. На последните три меѓусебни дуели, победа забележале Арсенал, а истата била изразена 1-0, со само еден погодок.

За очекување е и денес, натпреварот да има сличен тек, па наш предлог е најмногу 2 погодоци на овој натпревар.

Доколку барате место за да се обложите на горенаведените натпревари, најдобриот букмејкер агент Ви го дава решението.

Тагови