BET-IBC предлог типови за обложување (19.05)
Објавено на 19/05/2018 | Slider, ТИПОВИ

Онлајн агентот за азијатски букмејкери со неколку совети ќе ви помогне околу типувањето за денес.

Утрехт – Витесе тип:  1 (Победа на домаќинот)

Ова е плеј оф натпревар во Холандската лига за место кое води во европските натпреварувања. Првиот натпревар заврши со победа на Витесе кога на домашен терен беше подобар од Утрехт со 3-2. Дуел на две екипи изедначени квалитативно каде што мали детали ќе го одлучуваат патникот во Европа.

На последните пет дуели на кој домаќин бил Утрехт, забележал исто толку победи, па за очекување е и денес да извојува победа против Витесе и да се избори за пласман во Лигата на Европа за следната натпреварувачка сезона.

Лион – Ница тип:  1 (Победа на домаќинот)

Екипата на Лион си го закомпликува пласманот во Лигата на шампионите за следната сезона, по минатонеделниот неочекуван пораз од Стразбур. Но, денес на последниот дуел од францускиот шампионат ја пречекуваат екипата на Ница, која исто така се бори за излез во Европа, за враќање на победничките патеки и заверка на пласманот.

На последните 5 натпревари, Лион играше одлично и освен поразот од минатата недела, претходно забележа 4 победи. На домашен терен оваа сезона фудбалерите на Лион се извонредни со 11 победи, 5 нерешени натпревари и само два порази.

За разлика од нив, тимот на Ница игра многу променливо сезонава. На последните пет натпревари, имаат 3 победи, еден пораз и еден нерешен натпревар. Сепак, на гостински терен оваа сезона играат потпросечно и имаат само 5 победи, 6 нерешени и дури 7 порази.

Очекуваме домаќините без поголеми проблеми да забележат победа и да си го осигураат пласманот во Лигата на шампионите.

Бесплатната платформа за онлајн обложување, Ви нуди можност да се обложувате на високи облози без лимит во Азија.

Троја – Монако тип:  2 (Победа на гостите)

Еден од најинтересните и најважните натпревари од последното коло во фрацуската лига. Домаќините грчевито се борат за опстанок, додека пак гостистите се борат за заверка на пласманот во Лигата на шампиони. За разлика од гостите на кои и еден бод им е доволен за пласман во ЛШ, Троја дури и со победа може да испадне од Лига 1.

Домаќините иако имаат теоретски шанси, сепак својата најголема шанса не ја искористија претходниот викенд, кога водеа против Монпеље, но сепак не успеаја да стигнат до трите бода и сега се пред преселба во понизок ранг на натпреварување.

Тимот од малото кнежевство е далеку поквалитетен од Троја и се очекува да нема милост на овој натпревар и со победа да го обезбеди второто место во лигата, а со тоа да го завери пласманот во ЛШ. Годинава и покрај многуте повреди на најдобрите играчи, тренерот Леонардо Жардим успеа да го извади максимумот од играчите кои му беа на располагање и повторно да има успешна сезона.

Очекуваме победа на Монако и сигурен пласман во ЛШ за следната сезона.

е во тешка ситуација, поразот ги води во Лига 2, а за несреќа играат против Монако кој се бори за директен пласман во елитата. Можеби бод би бил доволен, но на домаќинот никако. Веруваме дека Монако ќе пресуди на овој натпревар.

BET-IBC исто така нуди и подарок за играчи на високи износи, а за оние кои навистина сакаат да го допрат врвот и да се обложуваат во обложувалници без лимит, бесплатната обложувачка плaтформа ќе се погрижи да бидат задоволни. BET-IBC овозможува и највисоки влогови и во помали лиги преку Skype обложување.

Тагови