BET-IBC предлог типови за обложување (19.06)
Објавено на 19/06/2018 | Slider, ТИПОВИ

Онлајн агентот за азијатски букмејкери со неколку совети ќе ви помогне околу типувањето за денес.

Колумбија – Јапонија тип:  1 (Победа на домаќинот)

Во првиот натпревар од последната група Х на Светското првенство во Русија се среќаваат апсолутниот фаворит во групата, репрезентацијата на Колумбија и релативно најслабата репрезентација на Јапонија. Но, досега светското првенство покажа дека “малите” репрезентации беа кобни за фаворитите.

Сепак, репрезентацијата на Колумбија квалитативно е многу подобра во споредба со својот противник, па предводена од својот најдобар фудбалер Хамес Родригез ќе се обиде да стигне до стартна победа и широко да си ги отвори вратите за осминафинале. Покрај лидерот Хамес, тука се и Радамел Фалкао, Хуан Квадрадо, како и одличните дефанзивци Санчез и Јери Мина.

За разлика од нив, репрезентацијата на Јапонија има далеку послаб квалитет, но имаат и Јапонците свои адути во името на Оказаки, Кагава, Хонда, Нагатомо…

Иако ова нема да биде лесен натпревар за Колумбијците, сепак сметаме дека се поквалитетни, ќе нападнат и ќе успеат да стигнат до трите бода на овој натпревар.

Наш предлог тип е победа на Колумбија на овој натпревар.

Обложувајте се на фудбал во Азијасо најдобриот букмејкер агент.

Полска – Сенегал тип:  ГГ (Двата тима даваат гол)

Во вториот натпревар од последната група Х на Светското првенство во Русија се среќаваат репрезентациите на Полска и Сенегал. Ова ќе биде натпревар на две изедначени по квалитет репрезентации.

Условно кажано домаќините на овој натпревар, репрезентацијата на Полска, предводена од најдобриот стрелец и најголемата звезда во тимот Роберт Левандовски, ги краси дисциплинирана игра, со многу работа и трчање на теренот. Целата игра се базира околу Левандовски, па нема да не изненади игра слична на аргентинската и бразилската, каде што речиси сите топки одеа кон Лео Меси и Нејмар. Предводени од селекторот Навалка, Полјаците иако имаат голема дисциплина во играта, сепак играат отворен и напаѓачки фудбал за што доволно говори податокот дека на трите подготвителни натпревари пред СП во Русија, постигнале 9 голови, а примиле дури 4.

Репрезентацијата на Сенегал е класична африканска република, која во моментов е една од најквалитетните и која исто така негова многу офанзивен стил на игра. Всушност, африканците од секогаш биле познати дека играат за гол повеќе во противничката мрежа, бидејќи тактички се далеку послаби во однос на репрезентациите од Европа и Јужна Америка.

Во оваа репрезентација, прва звезда е Садио Мане, фудбалерот на Ливерпул, во кој сенегалците ги полагаат сите свои надежи за солиден настап на ова СП.

Со оглед дека Колумбија се смета за најквалитетна репрезентација во оваа група и пласманот би требало да не биде доведен во прашање, ова е натпреварот кој ќе го одлучи вториот патник во оваа група.

Поради изедначеноста на составите со кои располагаат двете репрезентации, како и отворениот фудбал кој го негуваат, сметаме дека ќе има доста погодоци на овој дуел.

Наш предлог тип е двата тима да постигнат погодок на овој натпревар.

Бесплатната платформа за онлајн обложување, Ви нуди можност да се обложувате на високи облози без лимит во Азија.

Тагови