BET-IBC Предлог типови за обложување (21.04)
Објавено на 21/04/2018 | Slider, ТИПОВИ

Брокерот бр.1 за онлајн обложување со неколку предлози ќе ви помогне да се одлучите што да одиграте денес.

Палермо – Авелино тип:  1  (Победа на домаќинот)

Тимот на Палермо не игра баш најдобро во последно време, па поради тоа и си го загрозија директниот пласман во Калчо лигата за следната натпреварувачка сезона. На последните пет натпревари имаат само една победа, еден пораз и дури три нерешени натпревари. Сега е време за победа и враќање на самодовербата пред крајот на сезоната и враќање на позициите кои носат директен пласман во Серија А. Денес играат против Авелино, тимот кој се бори за опстанок и исто така игра очајно.

На последните 4 пресметки помеѓу овие два тима, сицилијанскиот тим забележал исто толку победа, па за очекување е таа традиција да ја продолжи и денес. Наш предлог тип е победа на домаќинот.

Искористете ги најдобрите квоти и заштедете време, обложувајќи се на повеќе сметки истовремено.

Аланијаспор – Галатасарај тип:  2 (Победа на гостинот)

Галтасарај ги шокираше своите навивачи со поразот од Акхисар во ревашот од полуфиналето на Купот. Ништо не им вредеше победата од 2-1 на гоститински терен, кога Акхисар славеше во Истанбул со 2-0. Сепак, многу повредна е титулата во домашното првенство, а тука Галатасарај се наоѓа на втората позиција, но и со натпревар помалку од Басаксехир, кој вчера забележа победа на домашен терен. Турскиот шампионат е интересен, се наоѓа пред самата завршница а четири екипи се борат за првото место. Доколку победи денес,  тимот на Галатасарај ќе се врати на првото место со предност од еден бод.

Аланијаспор знае дека биде опасен тим на домашен терен и освен тоа се бори за опстанок. На последните 5 натпревари има само еден минимален пораз од Бешикташ на гостински терен и две победи и два нерешени натпревари. Сепак, има и бројни отсуства кој за тим како Аланијаспор се од огромно значење.

На последните 4 меѓусебни натпревари, Галатасарај има исто толку победи, па токму поради тоа, како и борбата за шампионската титула, наш предлог за овој натпревар е победа на гостинот од Истанбул.

Барселона – Севиља тип: 1  (Победа на домаќинот)

Интересна пресметка во финалето на Купот на Шпанија помеѓу екипите на Барселона и Севиља. Условно кажано домашниот тим, Барселона, бидејќи натпреварот се игра во Мадрид на стадионот на Атлетико Мадрид, се наоѓа во добра форма, по неочекуваната елиминација од Лигата на шампионите каде претрпе шокантен пораз од Рома. За да ја спасат сезоната, каталонците покрај веќе речиси освоената титула во ЛаЛига, ќе мораат да победат и вечерва.

За разлика од нив, тимот на Севиља се наоѓа во лоша форма, па покрај испаѓањето од Лигата на шампионите, тие го губат здивот и во битката за излез во Европа за следната сезона. На последните пет натпревари имаат 2 порази и 3 нерешени натпревари. Покрај тоа, и нивните напаѓачи се “заспани”, па имаат постигнато само 3 погодоци на тие пет натпревари.

На последните пет меѓусебни пресметки помеѓу овие два тима, Барселона има забележано 4 победи и само еден натпревар завршил нерешено. Поради овие факти, а и разликата во квалитет, на вечерашниот дуел очекуваме победа на каталонскиот тим.

BET-IBC нуди Обложување преку Skype каде сите големи играчи се добредојдени да ставаат облози на омилените фудболски игрите со неограничени облози и најдобрите коефициенти.

Тагови