BET-IBC предлог типови за обложување (27.05)
Објавено на 27/05/2018 | ФУДБАЛ

Брокерот бр.1 за онлајн обложување со неколку предлози ќе ви помогне да се одлучите што да одиграте денес.

Тулуз – Ајачио тип:  1 (Победа на домаќинот)

Во реваншот од бараж натпреварот за влез во првата француска лига се среќаваат екипите на Тулуз и Ајачио. На првата средба домаќините забележаа убедлива победа од 3-0, тогаш како гости, па веќе го имаат речиси обезбедено останувањето во најквалитетното француско првенство.

Екипата на Тулуз е квалитативно многу подобра во споредба со својот противник, а податок за тоа е статистиката од првиот натпревар, каде што ја имаа целосната контрола и на резултатот и на играта.

На денешниот натпревар, треба само да го потврдат останувањето во најдоброто француско друштво, а најдобар начин за тоа е победа пред домашните навивачи.

Наш предлог тип е победа на Тулуз на овој натпревар.

Генк – Варегем тип:  1  (Победа на домаќинот)

Во бараж натпреварот во белгиската лига за пласман во Лигата на Европа за следната година се среќаваат екипите на Генк и Варегем. Додека Генк настапуваше во група со најдобрите белгиски екипи, Варегем беше најдобар но во далеку послабата група со екипи кои се квалитативно многу послаби од водечките тимови.

И двете екипи се наоѓаат во одлична форма, победувајќи на последните 3 натпревари. Но, квалитативно екипата на Генк е многу подобра во однос на противникот, за што доволно говори фактот дека Генк победувал на последните 5 нивни меѓусебни дуели.

Бидејќи квалитетот е на нивна страна, и денес за очекување е победа на условно кажано домаќинот и без поголеми проблеми пласман во европските натпреварувања за следната натпреварувачка сезона.

 

 

Обложувајте се на фудбал во Азијасо најдобриот букмејкер агент.

Севиља Б – Нумансија тип:  2  (Победа на гостинот)

Дуел на екипи кои се наоѓаат на спротивна страна од табеата. Вториот тим на Севиља оваа сезона имаше очајни настапи во втората по квалитет лига во Шпанија и веќе од поодамна испадна од лигата. За разлика од нив, тимот на Нумансија имаше променливи настапи, но сепак сеуште има шанси да се избори за бараж кои носи пласман во Примера лига. Иако за тоа шансите се минимални, сепак постојат.

Според податоците од табелата, ова им е последна шанса и веруваме дека нема да ја прокоцкаат. Сметаме дека ќе пресуди мотивот, а не моменталнта форма.

Наш предлог е победа на гостите на овој натпревар.

 

Бесплатната платформа за онлајн обложување, Ви нуди можност да се обложувате на високи облози без лимит во Азија.

Тагови