BET-IBC Предлог типови за обложување (28.04)
Објавено на 28/04/2018 | Slider, ТИПОВИ

Бидете број 1 во обложувачкиот свет и ставете добитни облози во Азија со BET-IBC.

Касимпаша – Фенербахче  тип:  2 (Победа на гостинот)

Во ситуација кога викендов на програмата е големото дерби во Турција помеѓу вечните ривали Галатасарај и Бешикташ, каде што еден од двата најсериозни претенденти за титулата ќе остане без бодови, екипата на Фенербахче се надева дека ќе го искористи тоа за да се доближи до врвот на табелата, каде гостите сеуште се надеваат дека можат да стигнат до титулата во домашниот шампионат.

Фенербахче му гостува на тимот на Касимпаша, кој е без никаков мотив за овој натпревар. Се наоѓаат на сигурното 9то место на табелата без опасност од испаѓање, а немаат аспирации за излез во Европа, така што овој натпревар нема никакво значење за нив, освен за престиж.

За разлика од нив, на Фенербахче му се неопходни бодовите од ова гостување за продолжување на битката за шампионскиот трофеј. Фудбалерите на тренерот Кочаман се наоѓаат во одлична форма со 4 победи на исто толку одиграни натпревари и фантастична гол разлика од 13 постигнати и само 2 примени погодоци.

На последните 4 меѓусебни натпревари, Фенербахче има 3 победи, а една средба завршила нерешено, па токму поради тоа, како и борбата за шампионската титула, наш предлог за овој натпревар е победа на гостинот од Истанбул.

Фрајбург – Келн  тип:  1  (Победа на домаќинот)

Овој натпревар е дуел на два тима кој се наоѓаат во зоната за испаѓање од Бундес лигата. Во многу подобра позиција се наоѓаат домаќините на овој натпревар, бидејќи имаат 30 бода исто колку и главните конкуренти во борбата за опстанокот Волфсбург и Мајнц. За разлика од нив гостите, тимот на Келн е практично веќе испаднат од лигата, само со теоретски шанси за бараж доколку ги победи сите преостанати натпревари.

Фрајбург врза пет порази во низа и токму поради тоа се најде на позиција која води во бараж. Сигурно е дека Фрајбург сака да го избегне баражот за опстанок, па ќе се обидат на овој дуел да стават крај на лошата серија и да го победат најслабиот тим во Бундес лигата сезонава.

За разлика од нив, Келн веќе и нема некој поголем мотив на натпреварите, моралот кај играчите е на најниско можно ниво, па за очекување е и денес да претрпат нов пораз.

На последните пет натпревари помеѓу овие два тима, кога домаќин бил тимот на Фрајбург, забележал исто толку победи. Очекуваме домаќините и денес да ја продолжат победничката серија во дуелите со Келн на домашен терен, а воедно и да го избегнат местото кое води во бараж за опстанок.

Обложувајте се на фудбал во Азија, со најдобриот букмејкер агент.

Еспањол – Лас Палмас  тип:  1  (Победа на домаќинот)

Дуел помеѓу два тима кои се наоѓаат во долниот дел на табелата. За разлика од гостите кои веќе се испаднати од лигата, домашниот тим се наоѓа во многу поповолна позиција.

Тимот на Еспањол има 38 бодови, односно 9 повеќе од Ла Коруња која се наоѓа на позиција која носи во понизок ранг на натпреварување. Со победа на денешниот дуел, против тимот на Лас Палмас, кој заедно со Малага е најслабиот тим во лигата, практично уште денес ќе си го обезбеди опстанокот во Примера.

За разлика од нив, тимот на Лас Палмас игра катастрофално, се наоѓаат во серија од 6 порази по ред и веќе на играчите им е јасно дека на екскурзијата во ЛаЛига полека но сигурно и доаѓа крајот, бидејќи од следната сезона се враќаат во втората шпанска лига.

На сите досегашни пресметки помеѓу овие два тима, кога домаќин бил Еспањол, забележувал победа, па очекуваме дека тој тренд ќе продолжи и денес и дека домаќините ќе стигнат до нова лесна победа и воедно ќе го осигураат опстанокот во лигата. Наш предлог е сигурна победа на домаќинот.

BET-IBC исто така Ви нуди можност да се обложувате на Singbet без неважечки облози.

Тагови