BET-IBC предлог типови за обложување
Објавено на 10/03/2018 | Slider, ТИПОВИ

Најдобриот и најпрофесионален брокер за онлајн обложување BET-IBC и денес со неколку предлози ќе ви помогне да се одлучите што да одиграте.

Манчестер Јунајтед – Ливерпул: Двата тима даваат гол

Ова ќе биде директен дуел за втората позиција на Премиерлигашката табела, помеѓу второ и трето пласираните екипи на Манчестер Јунајтед и Ливерпул. Избраниците на Јирген Клоп се наоѓаат во одлична форма пред дуелот со лутиот ривал предводен од Жозе Мурињо, а дополнителен плус за нив е што изминатава недела го заверија пласманот во четвртфиналето во ЛШ и целосниот фокус им е ставен на денешниот натпревар. За разлика од нив, екипата на Манчестер Јунајтед следната недела има и обврска во Лигата на шампионите, па во мисли ќе го имаат и дуелот со Севиља. Сепак, кога се работи за една од најголемите дерби пресметки на “Островот”, со сигурност и двете екипи ќе влезат во безпоштедна битка за освојување на трите бода. На последните десет премиерлигашки средби помеѓу овие два тима, кога домаќин бил Манчестер Јунајтед, дури осум пати се треселе мрежите на двете екипи, па за очекување е и денес двата тима да постигнат гол.

Баер Леверкузен – Б.Менхенгладбах: Победа на домаќинот

Дуел помеѓу две израмнети екипи и по квалитетот на составите со кои располагаат, но и по пласманот на табелата. Можеби за нијанса, домашниот тим е во блага предност и во двата аспекти, па затоа очекуваме победа на Леверкузен на овој дуел и заземање на една од позициите кои носат директен пласман во ЛШ. Во прилог на домаќините оди и податокот дека тренерот Херлих ќе го има на располагање речиси најсилниот состав кој го има во моментов. Единствените фудбалери кои ќе недостасуваат се Тин Једвај и недоволно опоравениот Свен Бендер. На спротивната страна, тренерот на Б.Менхенгладбах се соочува со огромни проблеми за составување на стартниот тим на ова “жешко” гостување, бидејќи има голем број на повредени играчи. Тој за овој натпревар неможе да смета на Крамер, Закарија, Вендт, Џонсон, Бенес, Штробл, Вилалба, Дукуре и Траоре.

Севиља – Валенсија: Победа или реми за домаќинот

Дербито на колото во шпанска ЛаЛига за овој викенд. Се среќаваат 5то пласираната екипа на Севиља и четвртопласираната Валенсија. Двете екипи се наоѓаат во одлична форма пред овој нивни меѓусебен дуел. Со победа, Севиља ќе ги задржи шансите за 4то место кое води во Лигата на шампионите, со оглед дека во моментов разликата помеѓу овие два тима на табелата е 8 бода во корист на Валенсија. Доколку забележат победа гостите, тогаш дилемата околу последниот патник во ЛШ ќе биде решена. На пресметките помеѓу овие два тима, кога домаќин е Севиља, традицијата е на нивна страна со оглед на податокот дека последните десет пресметки во 8 наврати излегувала како победник, а два натпревари завршиле со нерешен резултат. Валенсија последен пат славела на гости против Севиља во далечната 2004 година.

Бенфика – Авес: Победа на домаќинот и на полувреме и на крај

Тимот на Бенфика се наоѓа во одлична форма пред овој дуел со 5 победи по ред и извонредна гол разлика од 20 постигнати и само 3 примени погодоци. На овој натпревар, домаќините се апсолутен фаворит и победата не треба да биде доведена во опасност, туку прашање е само со колку голови во својата мрежа, гостите ќе си заминат од Лисабон. Со нови три бода, домашниот тим ќе дојде само на 2 бода негатива во однос на главниот конкурент и моментално лидер на табелата, тимот на Порто.

BET-IBC исто така нуди и подарок за играчи на високи износи, а за оние кои навистина сакаат да го допрат врвот и да се обложуваат во обложувалници без лимит, VIP-IBC ќе се погрижи да бидат задоволни. BET-IBC овозможува и највисоки влогови и во помали лиги преку Skype обложување.

Тагови