Блокотехна е вториот полуфиналист во кошаркарскиот Куп на Македонија
Објавено на 16/02/2018 | ФУДБАЛ

Во вториот четвртфинален натпревар од Купот на Македонија, тимот на Блокотехна извојува лесна победа против тимот на Охрид со резултат 110-88.

Гевгелискиот состав исто како и Работнички претходно, ја оправдаа фаворитската улога и без поголеми проблеми си обезбедија место во полуфиналето чекајќи го подобриот од натпреварот МЗТ Скопје и домаќинот Фени Индустри.

По само 10 минути игра беше јасно кој ќе биде вториот патник во полуфиналето, откако избраниците на тренерот Марјан Илиевски поведоа со убедливи 35-17. Блокотехна продолжи со добрата игра и во продолжението од натпреварот заминувајќи на полувреме со убедлива предност од 60-33.

Во вториот период, убедливата предност му даде слобода на тренерот Марјан Илиевски да ги одмори своите најдобри кошаркари и да им даде минутажа на помладите кошаркари во својот тим. Неговите ибраници мирно го приведоа натпреварот до самиот крај за конечни 110-88.

Дека солидна минутажа добија скоро сите кошаркари на гевгелискиот тим зборува фактот дека седуммина кошаркари на Блокотехна го завршија натпреварот со двоцифрен број на поени. Најефикасен играч во победничкиот состав беше Бенџамин со 18 поени, додека Казарновски беше стрелец на 17 поени и Боуен со 16.

Во редовите на екипата од Охрид најрасположен беше Мартин Јунаковиќ со одлични 37 поени, но сепак недоволни за пласман на неговата екипа во полуфиналето.

Седум кошаркари на Блокотехна завршија со двофицрен учинок на поени, а како најефикасни се истакнаа Бенџамин со 18 и Казарновски со 17 поени, Боуен застана на 16 поени. Мартин Јунаковиќ осамен од редовите на Охрид забележа високи 37 поени.

Тагови