Болт ни крив ни должен остана без еден златен медал
Објавено на 25/01/2017 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, ОСТАНАТО

Најдобриот спринтер на сите времиња Jaмајканецот Усаин Болт остана без еден од златните олимписки медали, и сега има осум наместо девет.

Тоа е златниот медал од трката на 4х100 метри штафетно кој ја освои на Олимписките игри во Пекинг, а причина за одземање на медалот е дека еден од тркачите на оваа трка од селекцијата на Јамајка Неста Картер е допингуван.

Така, Болт остана на три олимписки златни медали во 100 метри, три златни медали на 200 метри и две златни медали на 4х100 метри.

Тагови