Болт: “Ова е мојата последна Олимпијада. Нема повеќе што да докажувам”
Објавено на 22/08/2016 | Slider, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, ОСТАНАТО

Најбрзиот човек на планетата Усаин Болт истрча на патекана од 100 метри за 9.80 секунди, и со тоа го освои третиот златен медал на Олимписките игри во оваа дисциплина.  Тој по трката на 200 метри изјави дека се повлекува од ОИ, бидејќи веќе нема што да докажува.

“Немам зборови, сега сум 8 x олимписки шампион. Ова е мојата последна Олимпијада. Нема повеќе што да докажувам”, изјави Усаин Болт.

29-годишниот атлетичар од Јамајка победи и на трката на 200 метри, со што стана првиот спортист кој успеал на три олимпијада едно по друго да триумфира во овие две категории.

Тагови