Болт влезе во историјата со три олимписки дубл титули на 100 и 200 метри по ред

Published On 19/08/2016 » 359 Views» Slider, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, ОСТАНАТО

Усаин Болт стана првиот атлетичар во историјата со три олимписки “дубл” титули на 100 и 200 метри. Јамајканецот остана далеку од светскиот рекорд од 19.19 секунди, но заврши со личен рекорд сезонава од 19.78 сек. Младиот Канаѓанец Андре де Грас го освои сребрениот медал со 20.02 сек. До брозата стигна Кристоф Љометр од Франција, кој истрча за 20.12 сек.

Со истиот резултат, но побавен во фотофинишот, на четвртото место заврши Адам Џемал од Велика Британија. Чуранди Мартина од Холандија беше со една стотинка побавен од Љометр и Џамал, и затоа остана пети.

Share this post
Tags

Comments are closed.