Борозан и Гуглета во идеалниот тим на колото
Објавено на 09/10/2017 | Slider, МАКЕДОНСКИ СПОРТ, РАКОМЕТ

Интересно нашите претставници во ЕХФ Лигата на шампионите ремизираа на гостински терен, европскиот шампион Вардар одигра 26:26 (14:13) кај ПИК Сегед, а Металург прокоцна победа кај Мотор Запорожје 28:28 (12:18).

Нант на нашиот Кирил Лазаров го диктираше темпото кај неговиот поранешен клуб Барселона кај Борко Ристовски, и водеше со плус 5 во вториот дел, но во последните 20 минути домаќинот се препороди во “Блауграна” и славеше уште една рутинска победа – 31:25. Ристовски не влезе во игра, а Лазаров запиша 4 гола.

Кристианштад падна пред своите 5.000 навивачи во Шведска – 35:22. Тимот на нашиот Филип Талевски Рајн Некар Левен е во фантастична форма, а 4 гола постигна нашиот млад бомбандер.

Дејан Манасков и неговиот Веспрем го победија Кил со 26:24, а нашето брзо крило постигна 4 гола.

Топ 5 голови:

5. Захар Денисов – Мотор Запорожје

4. Тери Толбринг – Рајн Некар Левен

3. Симе Ивиќ – Висла Плок

2. Марио Лопез – Адемар Леон

1. Марио Стеинхаусер – Фленсбург

Головите може да ги видите ТУКА

Топ 5 интеревенции:

5. Иван Пешиќ – Мешков Брест

4. Ришад Кајл Јонан Капилин – Кристианштад

3. Славомир Шмал – Кјелце

2. Андреас Волф – Кил

1. Адам Моравски – Висла Плок

Интеревенциите може да ги видите ТУКА

Идеален тим на колото:

Лево крило – Џери Толбринг (Кристијанштад)

Лев бек – Вуко Борозан (ВАРДАР)

Среден бек – Габор Часар (Кадетен)

Лев бек – Жига Млакар (Целје)

Десно крило – Александар Гуглета (МЕТАЛУРГ)

Кружен напаѓач – Камил Сипржак (Барселона)

Голман – Иван Пешиќ (Мешков Брест)

Резултати:

Група “А“:

Кристијанштад – Р.Н. Левен  22:35 (12:18)

Пик Сегед – ВAРДАР  26:26 (14:13)

Барселона – Нант  31:25 (13:16)

ППД Загреб – Висла Плоцк  28:28 (18:16)

Табела:

а

Група “Б“:

Киелце – Фленсбург  25:25 (10:10)

Алборг – Мешков Брест  20:23 (11:10)

Парис Сен Жермен – Целје  32:27 (18:14)

Веспрем – Кил  26:24 (12:15)

Табела:

б

Група “Ц“:

Кадетен Шафхаузен – Горење Велење  31:28 (14:14)

Скјерн – Адемар Леон  33:25 (18:15)

Елверум – Динамо Букурешт  40:32 (19:15)

Табела:

ц

Група “Д“:

Спортинг Лисабон- Чеховски Медведи  31:30 (20:17)

Мотор Запорожје – МЕТАЛУРГ  28:28 (12:18)

Бешикташ – Монпелје  32:36 (16:20)

Табела:

д

Тагови