Босанец со прва титула во кариерата
Објавено на 25/09/2017 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, ОСТАНАТО, ТЕНИС

Дамир Џумхур од Босна и Херцеговина победи на тенискиот турнир во рускиот град Санкт Петербург со награда од 1 милион долари. Тој го порази Фабио Фонини со 3:6, 6:4, 6:2 и го достигна својот прв трофеј во својата кариера.

30-годишниот италијанец, не успеа да ја освои шестата титула во својата кариера. Тој по втор пат играше во финалето во Санкт Петербург по 2012 година.

Тагови