Бостон го растури Кливленд со 25 поени разлика и поведе со 1:0 во финалето на истокот (ВИДЕО)
Објавено на 14/05/2018 | Slider, КОШАРКА

Синоќа се одигра првиот натпревар од финалето во Источната конференција, а во него тимот на Бостон Селтикс на домашен терен стигна до прва победа во серијата против Кливленд Кавалирс.

Составот на Бостон Селтикс стигна до победа над Кливленд Кавалирс со резултат 108:83. Домашниот состав имаше неколку поединци кои се издвојуваа, а веројатно играч на натпреварот е Маркус Морис, кој одигра феноменална одбрана против Леброн Џејмс но и забележа 21 поени и 10 скока. Младиот Џејлен Браун беше најефикасен кај Селтикс, со 23 поени и 8 скока.

Гостинскиот тим одигра очајно во нападот, а не беа ништо подобри ниту во одбраната. Ниту еден играч не беше расположен за игра , а најдобри стрелци кај Кавалирс беа Кевин Лав со 17 и Леброн Џејмс со 15 поени. Посебно разочарувачка вечер имаше Џеј Ар Смит, кој погоди само 2 од 9 шута.

Тагови