Бостон ја елиминараше Филаделфија и ќе се соочи со Леброн во финалето на Истокот
Објавено на 10/05/2018 | КОШАРКА

Со триумфот во синоќешниот натпревар против Филаделфија 76ерс, тимот на Бостон Селтикс стигна до четврта победа во серијата и се пласираше во финалето од Источната конференција, каде ги чека дуел со Леброн Џејмс и тимот на Кливленд Кавалирс.

Иако на почетокот на серијата малкумина им даваа шанса, сепак тренерот Бред Стивенс и неговата група од играчи покажаа дека се незгоден противник. Најефикасен кај домаќинот беше рукито Џејсон Тејтум кој постигна 25 поени, а еден помалку од него постигна Џејлен Браун.

Во тимот на Филаделфија индивидуално се истакнаа Дарио Шариќ и Џоел Ембиид, кои постигнаа по 12 поени, а и двајцата имаа двоцифрен број скокови. Уште еден солиден натпревар одигра кандидатот за дебитант на годината, Бен Симонс, забележувајќи 18 поени, 8 скока и 6 асистенции.

Тагови