Буфон го мина Петер Чех на вечната листа во ЛШ

Легендата на Јувентус Џанлуиџи Буфон веќе е на второто место во рангирањето на голманите со најмногу одиграни натпревари во Лигата на шампионите. Синоќа тој го запиша својот натпревар број 112 на турнирот – еден повеќе од Петер Чех.

Победата од 3:0 над Барселона беше и 16-та последователна за Јуве на свој терен во сите натпреварувања. Тимот на Масимилиано Алегри е во серија од 48 домашни натпревари без пораз (42 победи и 6 ремија).

На чело со своите 168 натпревари е Икер Касиљас.

Тагови