Буфон: Големо разочарување
Објавено на 04/06/2017 | Меѓународен Фудбал, ФУДБАЛ

Џанулиџи Буфон вчера имаше шанса да стане највозрасниот фудбалер кој го подигнал пехарот во Лигата на Шампионите и еден од ретките кој ги освоил речиси сите можни трофеи. Сепак на една сезона пред пензионирањето Џиџи не успеа ниту во такво нешто. Разочарувањето во очите на најдобриот италијански голман започна да се приметува по кобните 60 минути.

По натпреварот, Буфон изјави дека ова е големо разочарување за него. “Ова е големо разочарување бидејќи направивме се за да го играме ова финале и конечно за да победиме во него. Имавме одлично прво полувреме во кое му направивме на реал големи проблеми” изјави Буфон за Медијасет Премиум по натпреварот.

Тој додаде и дека во вториот дел се што можеше да тргне наопаку тргнало и им ја честиташе титулата на “Кралевите”.

Тагови