Бундес Лига: Најава на 21. коло + предлог типови
Објавено на 12/02/2016 | Меѓународен Фудбал, ТИПОВИ, ФУДБАЛ

Овој викенд во Германската Бундес лига се игра 21. коло. Вечерва од 20:30 колото го отвараат Мајнц и Шалке 04. Мајнц е еден од конкурентите на Шалке за место во Европа, но иако германските медиуми и не веруваат дека домаќините ќе може да направат нешто повеќе на тој план, сепак одличните настапи оваа сезона овозможија Мајнц во последните 14 кола да има голема шанса за излез во Европа. Германските фудбалски аналитичари сметаат дека ова ќе биде доста неизвесен натпревар. На последните пет меѓусебни натпревари две победи има Мајнц, исто толку има и Шалке, а еден натпревар завршил нерешено.

Борусија Дортмунд утре од 15:30 на домашен терен ја пречекува последно пласираната екипа на Хановер. Дортмунд е голем фаворит на натпреварот, не само поради самата позиција на табелата и формата во коај се наоѓаат клубовите туку и поради бројните повредени фудбалери кои нема да му бидат на располагање на гостинскиот тренер. На досега одиграните три натпревари од Бундес Лигата во оваа календарска година, Волфсбург има два порази и само еден нерешен. Првата победа ќе ја бара на домашен терен против Инглоштад. Во терминот од 15:30 Баер Леверкузен гостува кај Дармштад, во натпреварот за опстанокот Вердер во Бремен ја пречекува екипата на Хофенхајм додека пак Штутгарт игра против Херта.

Лидерот на табелата ќе ја има честа да го затвори ова коло со гостувањето кај Аугзбург. Баварците се фаворити и се очекува да забележат уште една лигашка победа.

Комплетниот распоред на натпревари како и табелата се прикажани во продолжение. Исто така предлог типовите за ова 21. коло се наоѓаат под табелата.

Волфсбург - Инглоштад
На досега одиграните три натпревари од Бундес Лигата во оваа календарска година, Волфсбург има два порази и само еден нерешен. Првата победа ќе ја бара на домашен терен против Инглоштад кој пак на трите натпревари оваа година има две победи и само еден пораз. Арнолд, Шурле, Треш и Дост поради повреди нема да настапат за домаќините, додека гостите немаат некој посериозен проблем околу составувањето на екипата. Тоа е и единствениот хендикеп за домаќините што може да не го направи натпреварот толку лесен како што сите очекуваат. Сепак и покрај се, нашиот предлог тип е 1 
Штутгарт - Херта
Последните пет натпревари што ги одиграа домаќините завршиле со повеќе од три гола. Доколку се погледне гол разликата ќе се забележи и дека Штутгарт има најлоша одбрана, но истовремено има 4ти најдобар напад во Бундес Лигата. Очекуваме доста отворен натпревар со голови, па оттука и нашиот предлог тип ГГ  

Повеќе за меѓусебните натпревари, формите и останатите статистиките можете да погледнете ТУКА.

Движењето на коефициентите за натпреварите од Бундес Лигата и сите останати можете да ги погледнете ТУКА.

 
<!–- KeepAnEye.mk -–>

<!–- Copyright (c)2011 KeepAnEye.mk -–>
 

 

 

Тагови