Четвртопласиран Илиоски на Источноевропскиот шампионат во мотокрос
Објавено на 15/09/2014 | АВТО МОТО

Во класата МХ1 на Источноевропскиот шампионат во мотокрос, Христиан Илиоски со својата Хонда се најде на четвртото место зад Бугаринот Тодор Тотев, додека победник беше Романецот Адриан Радуца.

Вкупно 94 натпреварувачи од пет држави (Бугарија, Романија, Турција, Македонија и Србија) имаше за време на тркачкиот викенд во Тројан (Романија), кој беше 8-ми од Источноевропски шампионат и 7-ми во Републичкиот шампионат во мотокрос.

Следниот тркачки викенд ќе биде на мотополигонот во Сливен (Бугарија) ќе се одржи во периодот од 26-28 септември 2014 год.

Тагови