Челси со убедлив триумф против Хал во ФА Купот (ВИДЕО)
Објавено на 17/02/2018 | ФУДБАЛ

Челси полека но сигурно ја надминува кризата и се враќа на победничките патеки откако вечерва рутинирано стигна до лесна победа од 4-0 во шестото коло од ФА Купот.

Победникот беше решен уште во првото полувреме, а триумфот го најави Вилијан погодувајќи уште на самиот старт за водство на “сините” од 1-0. Педро беше стрелец на вториот гол во 27мата минута, пред Вилиан со својот втор гол да зголеми на 3-0 и да го реши победникот на мечот.

Пред самиот крај на првото полувреме, новото засилување на Челси, Оливие Жиру го постигна својот првенец за лондонските “сини”. Французинот одигра одличен натпревар постигнувајќи гол и забележувајќи две асистенции и најави дека ќе биде големо засилување за Антонио Конте во навалната линија.

 

Тагови