Челзи договори фудбалер на Монако

Лидерот во англиската фудбалска Премиер лига Челзи ги договори личните услови со францускиот репрезентативец Тиемуе Бакајоко од Монако, соопштува “Скај Спортс”.

22-годишниот дефанзивен играч од средниот ред е согласен да премине на “Стемфорд Бриџ” во текот на летото, но договорот ќе стане факт, ако двата клуба се разберат за трансферната сума. Бакајоко е оценуван од раководството на лидерите во Франција од над 30 милиони фунти.

Во оваа сезона тој има 3 гола и 1 асистенција во 41 натпревари за Монако, кој е лидер во Лига 1 и стигна до четвртфиналето на Лигата на шампионите, каде што ќе игра против германскиот Борусија Дортмунд во април.

Тагови