Челзи им се врати на победите под водство на магичниот Еден Азар
Објавено на 13/02/2018 | Меѓународен Фудбал, ФУДБАЛ

По двата последователни порази од Борнмаут (0-3) и од Ватфорд (4-1), Челзи  им се врати на победите се во Премиер – лигата со сигурна победа над ВБА со резултат од 3-0 на „Стемфорд бриџ“.

„Сините“ сезонава втор пат слават голема победа над екипата на ВБА, по гостинската победа од 4-0. Ова е 16ти триумф за Челзи со кој се искачи на четвртото место на табелата во Премиер – лигата со 53 бода.

Белгиецот Еден Азар го постигна првиот гол за домаќините во 25тата минута на асистенција на новото засилување Оливие Жиру. Мозес зголеми на 2-0 во 63тата минута, а точка на натпреварот стави тој што го започна шоуто, Азар во  71вата минута за конечни 3-0.

Тагови