Червар и децата и натаму делат лекции по ракомет низ Европа
Објавено на 30/09/2017 | Slider, МАКЕДОНСКИ СПОРТ, РАКОМЕТ

Ракометарите на Металург ја запишаа првата победа сезонава во ЕХФ Лигата на шампионите, иако сите ги отпишаа по кој знеа кој пат. По серијата од два порази, од Монтпелиер и Бешикташ, тимот од Автокоманда на домашен терен славеше против португалски Спортинг со 28:27 (14:11), во натпреварот од 3-то коло во групата Д.

Најпрецизен во нашиот тим беше Филип Кузмановски со шест гола, а следеше Давор Палевски со пет сите од пенал, и Божо Анѓелиќ и Хлил Јагањац со по четири гола. Голманот Дарко Арсиќ запиша вкупно 14 интервенции. Кај Спортинг, пак, најпрецизен беше Карнеиро со шест гола, а одличен беше и голманот Чудиќ со 12 интервенции.

Во наредниот меч од Лигата на шампионите кој се игра на 8-ми октомври Металург гостува кај Мотор Запорожје во Украина.

Со првата победа Металург го напушти дното на групата Д и сега е петти, со два бода, колку и Спортинг пред него.

Тагови