Чешка декласирана, учеството во Хрватска заверено
Објавено на 18/06/2017 | РАКОМЕТ

Ракометната репрезентација на Македонија го обезбеди 5то учество на Европските првенства откако вечерва во Скопје со 33-20 ја декласираше репрезентацијата на Чешка. За киксот во Украина нашите ракометари се искупија на најдобар можен начин, а победникот на натпреварот беше познат уште по првите 30 минута кога Македонија водеше со 16-10.

Најдобар стрелец во нашите редови беше Лазаров со 11 голови. Со оваа победа Македонија завршува на првата позиција со седум поени пред Исланд и Чешка со по шест поени односно Украина со освоени пет поени на последната позиција.

Инаку по Италија во 98та и Србија, Данска и Полска, првенството во Хрватска ќе биде петто односно четврто во низа за нашата ракометна репрезентација. Европското првенство започнува на 12 јануари следната година и ќе се игра во Загреб, Сплит, Вараждин и Пореч.

 

Тагови