“Човекот од стакло” се прости од националниот дрес

Натпреварот против Шведска (2:0) беше последен за Арjен Робен со тимот на Холандија. Крилото на Баерн Минхен гi одбележа и двата гола за успехот на “лалињата”, но тој не беше доволен за да ги лизне скандинавците од второто место во групата “А” од светските квалификации. На овој начин, Холанѓаните ќе пропуштат втор голем форум откако не се квалификуваа за Еуро 2016.

По натпреварот во Амстердам, 33-годишниот Робен официјално објави дека ја завршил својата меѓународна кариера. Тој дебитираше за Холандија во 2003 година и оттогаш сними 96 натпревари и 37 гола. Со синоќешните два погодоци поранешниот фудбалер на Гронинген, ПСВ, Челзи и Реал Мадрид се израмни со Денис Бергкамп на четвртото место на вечната листа на стрелци за “портокаловите”. Пред нив се Робин ван Перси со 50 гола, Клас Јан Хунтелар со 42 и Патрик Клајверт со 40.

“Сакав да покажам за што сум способен. Со овој став бев на теренот во секој натпревар со националниот тим. Долго време размислував за одлуката да се повлечам. Јас требаше да го направам тоа порано, но мислев дека е подобро да ги завршам квалификациите. За “човек од стакло” останав долго време”, рече возбуден Робен.

Тој беше наречен “Стаклениот човек” пред трансферот од Реал во Баерн, поради постојаните повреди што тој ги добиваше.

Со Холандија, Робен има сребрен медал на Светското првенство 2010 година, како и бронзени медали од Светското првенство 2014 и Еуро 2004.

Тагови