Чудо во тенисот: Федерер загуби од 175тиот тенисер на АТП!
Објавено на 25/03/2018 | Slider, ТЕНИС

Прворангираниот тенисер на АТП листата, легендарниот Роџер Федерер загуби во второто коло на Мастерсот во Мајами и со тоа го загуби престолот на АТП.

Дури и самиот Танаси Кокинакис, австралиецот кој се наоѓа на 175то место на АТП листата, беше шокиран по победата над Роџер Федерер.

„Да ви кажам искрено не знам што ми се случи. Веројатно го одиграв најдобриот тенис досега во кариерата. Да се победи Роџер за мене е само сон. Оваа победа ми е мотив само да продолжам уште посериозно со тенисот“ – истакна по триумфот 21-годишниот Кокинакис.

Тагови