Црногорецот Игор Бијелиќ го засили КК Работнички
Објавено на 02/10/2014 | КОШАРКА

КК Работнички го ангажираше 26. годишниот црногорски крилен центар Игор Бијелиќ (207 см., 1988 год.). Минатата сезона ги бранеше боите на КК Фени Индустри.

За кавадаречката екипа во Македонската Прва лига за 22. мечеви имаше учинок од 8.4 поени и 1.6 асистенција. Во сезоната 2012/13 ги бранеше боите на босанскиот прволигаш Младост (34. натпревари, 16.6 поени, 5.9 скокови, 1.3 асистенција и 1.1 блокада) и успеа да стигне до полуфиналето од првенството.

Во својата кариера играше уште за словачката Хандлова, босанскиот Сервитиум и црногорскиот Морнар Бар.

Тагови