Дали се ова новите пилоти на Вилијамс за следната сезона?
Објавено на 05/10/2017 | АВТО МОТО, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

Вилијамс закажал два теста со кои ќе ги оцени потенцијалните нови пилоти – Роберт Кубица, кој се бори за враќање во Формула 1, како и 31-годишниот Пол ди Реста, кој во оваа сезона го замени Фелипе Маса во Унгарија.

Во листата на Вилијамс за партнер на Ленс Строу присуствуваат четири имиња – Роберт Кубица, Фелипе Маса, Пол ди Реста, а од неодамна започна да се врти и името на Паскал Веерлајн.

Првиот тест на Кубица ќе биде на 11 октомври на “Силверстоун”, а вториот – во Будимпешта недела подоцна. Ако Вилијамс останат задоволни од овие два теста со Кубица, ќе следат уште вакви со болид од сезоната 2017. Датумот за тестот на Ди Реста сепак не се споменува.

Фелипе Маса исто така, останува опција за тимот. Минатиот месец бразилецот направи интересно интервју во кое вели дека луѓето кои не се разбираат од Формула 1, не сакаат тој да остане.

Ако сепак Вилијамс не сакаат да ги задржат Маса и Строл следната сезона, треба да имаат предвид и обврска кон спонзорот – Martini, според кое барем еден од пилотите мора да биде над 25 години. Токму овој услов го исклучува Веерлајн од играта.

Фелипе Маса во минатата сезона отиде во пензија, но по изненадувачкото повлекување на шампионот Нико Розберг од Мерцедес и преминувањето на Валтер Ботас во шампионскиот тим, го натера Маса да остане уште една сезона во Вилијамс.

Тагови