Данците со пресврт во Белград, Грците “нокаутирани“ од Фарски Острови (видео)
Објавено на 14/11/2014 | ФУДБАЛ

Се одиграа нови натпревари од квалификациите за пласман на Европското првенство во Франција 2016. година. Србите пред празни трибини на стадионот на Партизан во Белград загуби од Данска со резултат 3:1 во рамките од групата И.

Иако водеа Србите по првото полувреме многу рано уште во четвртата минута со погодокот на Тошиќ, пресвртот беше направен во вториот дел Бендтнер двапати се запиша во листата на стрелците, а еднаш Кјаер.

Грците во групата Ф шокирани на свој терен го претрпеа третиот пораз неочекувано од Фарски Острови со резултат 1:0. Голот се случи во 61. мин. од средбата преку Едмундсон по асистенцијата на Олсен.

Квалификации за ЕП 2016 Франција

Резултати:

Група Д
Грузија-Полска 0:4 (Глик 51, Кричовјак 70, Мила 74, Милик 90)
Германија-Гибралтар 4:0 (Милер 12, 29, Геце 38, Сантос (автогол) 67)
Шкотска-Република Ирска 1:0 (Малони 75)

Табела: Полска 10 бодови, Германија 7, Шкотска 7, Република Ирска 7, Грузија 3, Гибралтар 0.

Група Ф
Грција-Фарски Острови 0:1 (Едмундсон 61)
Унгарија-Финска 1:0 (Гера 84)
Романија-Северна Ирска 2:0 (Пап 74, 79)

Табела: Романија 10 бодови, Северна Ирска 9, Унгарија 7, Финска 4, Фарски Острови 3, Грција 1.

Група И
Португалија-Ерменија 1:0 (Роналдо 72)
Србија-Данска 1:3 (Тошиќ 4/Бендтнер 60, 85, Кјаер 62)

Табела: Данска 7 бодови, Португалија 6, Албанија 4, Србија 1, Ерменија 1.




Тагови