Дарко Арсиќ со втора најдобра интервенција во третото коло во Лигата на шампионите
Објавено на 02/10/2017 | Slider, МАКЕДОНСКИ СПОРТ, РАКОМЕТ

Ракометарите на Металург ја запишаа првата победа сезонава во ЕХФ Лигата на шампионите, иако сите ги отпишаа по кој знеа кој пат. По серијата од два порази, од Монтпелиер и Бешикташ, тимот од Автокоманда на домашен терен славеше против португалски Спортинг со 28:27 (14:11), во натпреварот од 3-то коло во групата Д. Голманот Дарко Арсиќ запиша вкупно 14 интервенции, а една од нив се најде во изборот на ЕХФ како втора најдобра ова коло.

Европскиот ракометен првак Вардар во Лигата на шампионите продолжи да победува и кон одбрана на титулата. Тимот на Гонзалез го совлада и ППД Загреб (28:21), но ниту еден вардарец не се најде во изборот на најдобрите.

Топ 5 голови:

5. Размус Лауге – Фленсбург

4. Алденас Маласинскас – Мотор Запорожје

3. Марио Шоштариќ – ПИК Сегед

2. Јанус Смарасон – Алборг

1. Сајад Естеки – Динамо Букурешт

Топ 5 интеревенции:

5. Урбан Лесјак – Целје ПЛ

4. Сирил Думолин – Нант

3. Матиас Андерсон – Фленсбург

2. Дарко Арсиќ – МЕТАЛУРГ

1. Адам Борбели – Висла Плок

Идеален тим на колото:

Лево крило   Уве Генсхајмер ПСЖ
Лев бек Стипе Мандалиниќ ППД Загреб
Среден бек Мате Лекај Веспрем
Десен бек Холгер Гландорф Фленсбург
Десно крило Гаспер Маргуч Цеље ПЛ
Пикер Камил Сипржак Барселона
Голман Матијас Андерсон Фленсбург

Резултати:

Динамо Букурешт – Кадетен Шафхаузен (Ц)  29:28 (14:12)

Нант – Рајн Некар Ловен (А)  26:26 (15:16)

Кил – Алборг (Б)  27:26 (13:12)

Чеховски Медведи – Бешикташ (Д)  27:29 (17:13)

Мешков Брест – Веспрем (Б)  26:29 (12:14)

Фленсбург – ПСЖ (Б)  33:29 (13:14)

Металург – Спортинг (Д)  28:27 (17:13)

Целје – Киелце (Б)  31:27 (16:12)

Адемар Леон – Елверум (Ц)  26:30 (10:12)

Пик Сегед – Кристианштад (А)  36:27 (20:11)

Горење Велење – Скјерн (Ц)  31:29 (15:14)

Вардар – ППД Загреб 28:21 (13:10)

Монпелје – Мотор Запорожје (Д)  28:20 (18:13)

Висла Плоцк – Барселона (А) 30:37 (13:21)

Тагови