Де Хеа ќе биде замената за Касиљас во Реал Мадрид!
Објавено на 14/11/2014 | ФУДБАЛ

Како што пренесува “Метро“, Давид Де Хеа одбил нов договор со Манчестер Јунајтед, по што ја разгледува можноста да се пресели во редовите на Реал Мадрид.

Голманот дојде на “Олд Трафорд“ од градските ривали на “кралевите“, Атлетико Мадрид, во јуни 2011. година и досега има 139. официјални настапи во сите натпреварувања.

Како и да е, Реал бара долгорочна замена за Икер Касиљас, а на врвот на листата на желби се наоѓа 24. годишниот Де Хеа кој воедно би требало прва опција во шпанската сениорска репрезентација кај селекторот Висенте Дел Боске.

Тагови