Деби победа за дебитант во WRC
Објавено на 30/07/2017 | АВТО МОТО, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

Новакот во Светскиот рели шампионат оваа сезона од тимот на Тојота Есапека Лапи импресионира со настапот во целиот тркачки викенд и грабна деби победа во кариерата на релито во Финска – деветти круг од календарот на WRC.

Рели Финска е едвај четвртата трка во која Лапи учествува со најновите и моќни тркачки автомобили. Тој поведе во петокот попладне, а клубскиот колега во Тојота Јари-Мати Латвала му дишеше во врат додека не се откажа во саботата поради дефект во моторот.

Зад младиот финецот заврши Елфи Еванс со Форд, Јао Ханинен со Тојота и Теему Сунинен. Крег Брин уште еднаш беше најуспешниот пилот на Ситроен со петтата позиција, а претендентот за титулата Тиери Невил од Хјундаи заврши шести.

Заедно со трите точки кои ги освои од фазата, Невил ги собра потребните 11 поени и израмни против лидерот Себастијан Ожие. Невил сепак има три победи, додека кај Ожие тие се само две и овој факт го одреди новиот лидер во WRC.

Четирикратниот светски шампион Ожие се урна уште во петокот и не забележа никакви поени од Финска. Клубскиот колега Од Танака заврши седми, а минатогодишниот победник со ситроен Крис Мик на осмата позиција пред Дани Сордо со Хјундаи и Мадс Остберг со Форд.

Тагови